Трансферот е се поблиску – Диоманде се упати кон Мадрид

Јан Диоманде ги напушти подготовките на Лајпциг и се упати кон Мадрид откако двата клуба постигнаа договор за трансфер кој би можел да стане најскапиот во историјата на „кралскиот клуб“.

Прегледи:

Датум:

Јан Диоманде ги напушти подготовките на Лајпциг и се упати кон Мадрид откако двата клуба постигнаа договор за трансфер кој би можел да стане најскапиот во историјата на „кралскиот клуб“.

Младиот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска чекаше да се финализираат последните детали меѓу клубовите, а откако беше постигнат договор, го напушти кампот на Лајпциг во Австрија и отпатува во Мадрид на лекарски прегледи.

Реал наскоро треба да го официјализира трансферот.

Основната вредност на договорот е околу 125 милиони евра, додека преку бонуси вкупната сума би можела да достигне дури 140 милиони евра.

Доаѓањето на Диоманде дополнително го потврдува амбициозниот трансфер период на Мадрид.

Клубот веќе издвои значителни средства за други засилувања, а со новиот трансфер, вкупната инвестиција дополнително се зголемува, иако Реал компензираше дел од парите со продажба на играчи.

Големиот трансфер на Диоманде не би требало да влијае на иднината на Винисиус Жуниор.

Преговорите меѓу Бразилецот и клубот напредуваа во последните денови и се очекува напаѓачот да го продолжи договорот, кој моментално е важечки до 2027 година.

Винисиус неодамна избриша содржина од социјалните мрежи која го поврзува со „белите“, што предизвика бројни шпекулации, но од Мадрид доаѓаат сигнали дека договорот е сè уште најверојатно сценарио.

Реал на тој начин продолжува да гради нова генерација на тимот, а доаѓањето на Диоманде е уште еден доказ дека клубот сака да остане доминантен во наредните сезони.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Менаџерот на Геиџи ги негираше шпекулациите: „Џастин сака голема борба, голема, голема борба“

Али Абделазиз, менаџерот на Џастин Геиџи, проговори за шпекулациите...

Компани: Целта во новата сезона е освојување на Лигата на шампионите

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, зборуваше на прес-конференција...

Голем удар за Барселона: Херојот од финалето на Светското првенство сака да си замине

Феран Торес наводно ја прифатил идејата за трансфер во...

Кадетите ги совладаа Фарски Острови и си обезбедија место на Светското првенство 2027 година

Машката кадетска репрезентација на Македонија продолжи со победите во...