Кадетите ги совладаа Фарски Острови и си обезбедија место на Светското првенство 2027 година

Машката кадетска репрезентација на Македонија продолжи со победите во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на EHF EURO 2026, откако денес ја совладaа селекцијата на Фарските Острови со 34:32.

Прегледи:

Датум:

Машката кадетска репрезентација на Македонија продолжи со победите во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на ЕХФ ЕУРО 2026, откако денес ја совладаa селекцијата на Фарските Острови со 34:32.

Македонија беше подобар противник во поголем дел од мечот, иако семафорот за резултатот не го покажува тоа. За истакнување е дека нашиот тим на овој меч доби два црвени картони, откако Ѓорчевски и Николоски беа исклучени од игра.

Ѓорѓиески и Ѓорѓиевски со по седум голови беа најзаслужни за победата на младите македонски ракометари.

Македонија во следниот натпревар ќе се соочи со Португалија.

Со оваа победа, „жолто-црвените“ си обезбедија пласман на Светското првенство кое ќе се одржи идната година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Порзингис се пензионира на 31 година: Телото не реагираше како што очекував

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис го објави своето пензионирање од...

Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен

Брилијантниот Лука Дончиќ постигна 53 поени и постигна клучен...

Манчестер Јунајтед ќе биде без Балеба неколку недели

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба,...