УЕФА: Фудбалот не е на ФИФА за да го продава

Европската фудбалска централа (УЕФА) веднаш реагираше на информациите дека ФИФА може да продаде делови од Светското првенство на приватни инвеститори

Прегледи:

Датум:

Европската фудбалска централа (УЕФА) веднаш реагираше на информациите дека ФИФА може да продаде делови од Светското првенство на приватни инвеститори.

Објавата на „Тајмс“ не е официјално потврдена од светското фудбалско седиште, но УЕФА излезе со став.

„Ова ја преминува линијата што управните тела на фудбалот никогаш не треба да ја преминат. УЕФА го сфаќа ова исклучително сериозно. Сите национални фудбалски федерации треба да го сфатат на овој начин. Како и секоја заинтересирана страна: лиги, клубови, играчи, навивачи, влади и секој што се грижи за иднината на играта“, се вели во соопштението на УЕФА.

„Душата и управувањето со фудбалот не се средства за тргување, особено со нулта транспарентност во врска со тоа кој ќе има финансиска корист. Никој од нас не го поседува фудбалот. Не е на ФИФА за да се продава“, додаваат од УЕФА.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мбапе се извини на Кинезите откако три компании ги прекина врските со него

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе денес се извини за коментарите...

Челси без Жоао Педро во следните неколку недели

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоао Педро, ќе...

Евролигата одлучи: Абу Даби ќе биде домаќин на „Ф4“ во 2027 и 2029 година

Фајнал Фор (Ф4) на Евролигата повторно ќе се одржи...

Сопруга на бразилски репрезентативец: „Ме изневеруваше со проститутки кога бев бремена“

Аманда Мартинс, сопругата на бразилскиот фудбалер на Рома, Весли...