Валверде со сериозна повреда на глуждот, ги пропушта дуелите за Уругвај

Федерико Валверде мора да направи долга пауза. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид плати висока цена за неодговорниот старт на Канг-ин Ли во дербито против Атлетико, што беше и најголемата контроверзност за „мадриѓаните“ бидејќи Кореецот не беше исклучен

Прегледи:

Датум:

Федерико Валверде мора да направи долга пауза. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид плати висока цена за неодговорниот старт на Канг-ин Ли во дербито против Атлетико, што беше и најголемата контроверзност за „мадриѓаните“ бидејќи Кореецот не беше исклучен.

Валверде заработи повреда на глуждот, Реал официјално објави дека станува збор за „изместување од 3 степен“ и дека играчот ќе отсуствува неколку недели.

„По тестовите што денес ги спроведе медицинската служба на Реал Мадрид врз нашиот играч Ведерико Валверде, му беше дијагностицирана изместување од 3 степен на левиот глужд. Неговото закрепнување ќе биде следено“, се вели во соопштението, иако се верува дека би можел да се опорави за време на репрезентативната пауза.

Валверде беше на списокот за репрезентацијата на Уругвај, но мораше да се повлече од дебито на Диего Форлан на клупата на националниот тим поради оваа повреда.

„Урусите“ играат против Јапонија (24.09), Јужна Кореја (28.09) и Индија (6.10).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Претседателот на Комо најавува напад на врвот: Сакаме да бидеме како Барселона

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо, изјави дека клубот сака...

Де Јонг се враќа во Холандија, Чави го објави составот за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Чави Ернандез, го...

Тухел објасни зошто го повикал помладиот Белингам

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука...

Де ла Фуенте го објави составот: Три нови лица за клучните натпревари од Лигата на нациите

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте...