Сите парови и комплетен распоред на осминафиналето на Светското првенство

Светското првенство влезе во нокаут фазата, а осминафиналето беше комплетирано со натпревари што се играа изминатава вечер

Прегледи:

Датум:

Светското првенство влезе во нокаут фазата, а осминафиналето беше комплетирано со натпревари што се играа изминатава вечер.

Во првата елиминациска рунда имавме изненадување бидејќи парагвајската репрезентација успеа да го елиминира еден од фаворитите на Светското првенство, германската репрезентација.

Едно од изненадувањата подготви и мароканската репрезентација, која ја елиминираше Холандија, а сензацијата на Светското првенство, репрезентацијата на Капе Верде, му зададе тешка задача на актуелниот светски шампион Аргентина претходната вечер, но на крајот беа елиминирани по продолженијата.

Екипите на Парагвај, Мароко, Франција, Канада, Португалија, Шпанија, САД, Белгија, Бразил, Норвешка, Мексико, Англија, Аргентина, Египет, Швајцарија и Колумбија се пласираа во осминафиналето.

Осминафиналето е веќе на програмата денес, а првиот натпревар е помеѓу Мароко и Канада, кој ќе се игра во 19 часот.

Оваа фаза од натпреварувањето завршува во вторник, кога ќе биде познато кои осум екипи се квалификувале во четвртфиналето.

Распоред на натпреварите од осминафиналето

Сабота, 4 јули:

19:00 Мароко – Канада
23:00 Парагвај – Франција

Недела, 5 јули:

22:00 Норвешка – Бразил

Понеделник, 6 јули:

02:00 Мексико – Англија

21:00 Португалија – Шпанија

Вторник, 7 јули:

02:00 САД – Белгија

18:00 Аргентина – Египет

22:00 Швајцарија – Колумбија

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

КК Кожув го претстави Стојанов

КК Кожув го претстави своето ново засилување – 21-годишниот...

Гасиев не верува дека ќе добие реванш со Олександр Усик

Мурат Гасиев би сакал повторно да се соочи со...

Мендес: Голема грешка е да се потцени Усман Нурмагомедов поради PFL

Хавиер Мендес предупреди дека би било сериозна грешка да...