🎥Гатузо го пронајде рецептот за победи: Лацио преку Парма до првото место во Серија А

Лацио продолжува со одличните настапи во италијанската Серија „А“. Тимот од Рим ја победи Парма со 2:1 во осмото коло и го презеде првото место на табелата со 22 бода

Прегледи:

Датум:

Лацио продолжува со одличните настапи во италијанската Серија „А“. Тимот од Рим ја победи Парма со 2:1 во осмото коло и го презеде првото место на табелата со 22 бода.

Римјаните ја контролираа играта од самиот почеток, но го скршија отпорот на гостите едвај во второто полувреме. Во 51-та минута, Кенет Тејлор ја искористи предноста од одбиената топка, се упати кон голот и со прецизен удар од далечина им донесе предност на домаќините.

Само седум минути подоцна, Лацио го удвои водството. По убава тимска акција и центаршут од Нуно Таварес, дефанзивецот на Парма, Диего Карлос, реагираше несмасно и ја затресе сопствената мрежа.

Парма успеа да го ублажи поразот во последните минути, откако Лонтани постигна гол во 95-та минута, но немаше време за целосен пресврт.

Лацио сега има три бода повеќе од Интер, кој утре е домаќин на Фиорентина. Парма, по третиот последователен пораз, е претпоследна на табелата со само четири бода.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели од пол-позиција во Остин ќе ја нападне титулата

Андреа Кими Антонели ја освои својата седма пол-позиција оваа...

📽️ FNC 34: Бојковиќ го освои појасот во лесна категорија по феноменален нокаут

Марко Бојковиќ направи изненадување вечерва во Скопје со победата...

Алонсо: Не покажавме ништо против Тотенхем, мора да го подигнеме нивото

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, изрази сериозно разочарување по...

🎬Волкановски му го нанесе првиот пораз на Мовсар Евлоев!

Александар Волкановски го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут...