Манчестер Сити го објави долгоочекуваното рекордно засилување на Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Договорот меѓу двата клуба, кој вреди импресивни 116 милиони фунти, и е клупски рекорд, беше договорен пред неколку недели, но се чекаше Англија да го заврши Светското првенство за да го комплетира и играчот да помине медицински прегледи.
Made for this City. pic.twitter.com/iNqibvQKCB
— Manchester City (@ManCity) July 23, 2026
Играчот од средниот ред потпиша петгодишен договор со „граѓаните“. Елиот Андерсон беше исто така многу баран од Манчестер Јунајтед, но тој одлучи да премине на „Етихад“, каде што ќе работи со новиот менаџер Енцо Мареска во градењето на новиот проект на Сити по заминувањето на Пеп Гвардиола.
Getting to know the Geordie Maradona 💬 pic.twitter.com/AcBLiO6Klg
— Manchester City (@ManCity) July 23, 2026
„Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот, а тимот што го имаат е неверојатен – имаат уникатни играчи на секоја позиција. Штом дознав дека ме сакаат, бев апсолутно сигурен дека ќе го направам овој трансфер. Како фудбалер, сакаш да се испробаш на највисоко ниво, а Сити ми ја дава таа можност. Однадвор, Манчестер Сити е клуб кој се однесува добро кон своите играчи и им ги дава совршените услови. Успесите што ги постигнаа, како и начинот на кој играа во последните десет или петнаесет години, беа исклучителни. Привилегија е да се добие шанса да се биде дел од сето тоа“, изјави самиот Елиот Андерсон за веб-страницата на клубот.


