Виктор Вембањама ги предводеше Сан Антонио Спарс до победа од 124-112 над Лос Анџелес Клиперс. Тој имаше 32 поени и 11 скока, реализирајќи 13 од 26 шута, според АП. Стефон Касл додаде 21 поен и 12 асистенции, а Џулијан Шампањ имаше 20 поени, половина од нив во четвртата четвртина.
Спарс заостануваа на почетокот на четвртата четвртина, а потоа се одвоија во резултатот. Французинот играше и покрај болниот плускавец што рече дека го добил од премногу забивање. Спарс се опоравија од поразот во Детроит, со што ја прекинаа нивната серија од 12 победи. Тие имаат скор од 13-3 за првото место на Западот, исто како и Л.А.Лејкерс.
Дариус Гарланд и Брук Лопез постигнаа по 23 поени за Клиперс.
Во последните моменти од натпреварот, Вембањама изведе потег што ги „полуде“ социјалните медиуми. Популарниот Вемби буквално успеа да шутира додека рацете му беа над обрачот.
Значи, не одлучи да забие, туку шутираше над обрачот, што стана вистински хит.
Did Wemby just… shoot it from above the rim??? 🤯😲 https://t.co/1YDxy8mwy8
— NBA (@NBA) November 20, 2026


