Њујорк Никс ја победија Минесота со 102:99 изминатава вечер во дуел од регуларнатра сезона од НБА лигата. Никс ја контролираа играта во поголемиот дел од натпреварот и долго време имаа двоцифрена предност.
Во третата четвртина стигнаа до максимални +19, но Минесота полека почна да ја топи разликата и да го доведе натпреварот до неизвесен крај.
Њујорк беше без кош три и пол минути во финалето, па домашните имаа шанса да го израмнат резултатот. Ајо Досунму постигна тројка за да ја намали разликата на само три поени, но Ламело Бол пропушти шанса да донесе продолжение на девет секунди до крајот.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Карл-Ентони Таунс со 22 поени и 12 скока, кој го носеше дресот на Минесота девет сезони, по него следеше Бренсон со 21, Ануоби додаде 15.
На другата страна, Камингс се истакна со 23 поени, МекДениелс постигна 17, а Бол 15.
Резултати од НБА:
Мемфис – Голден Стејт 126:98
Милвоки – Портланд 114:124
Минесота – Њујорк 99:102
Сан Антонио – ЛА Клиперс 124:112


