Од каде Мурињо ја доби модринката? Ова е објаснувањето за несаканата ситуација

Жозе Мурињо синоќа го предводеше својот Реал Мадрид во пријателски натпревар против Шалке (3:0), а на натпреварот се појави со видлива рана под десното око

Прегледи:

Датум:

Жозе Мурињо синоќа го предводеше својот Реал Мадрид во пријателски натпревар против Шалке (3:0), а на натпреварот се појави со видлива рана под десното око.

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, на крајот откри како ја добил големата модринка на окото што го привлече вниманието на навивачите за време на последниот натпревар на Реал Мадрид во предсезоната.

На крајот, излезе дека тоа било несакана ситуација од тренинг. Топката го удрила во окото и оставила видливи последици.

„Топка во лице за време на тренинг. Можеше да биде и полошо“, рече Мурињо.

Патем, за двата тима тоа беше последен тест пред почетокот на новата сезона, а натпреварот се играше во чест на 25-годишнината од изградбата на стадионот „Велтинс Арена“ на Шалке.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...