Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди Деклан Рајс за продолжување на договорот до летото 2031 година. Веста ја објави авторитетниот новинар Дејвид Орнштајн, а ја потврди и Скај Спортс.
Дваесет и седум годишниот англиски репрезентативец ги прифати условите за нов петгодишен договор, кој се очекува да го направи еден од најплатените фудбалери кај „топџиите“. Неговата плата ќе биде еднаква на онаа на Букајо Сака, кој во моментов е најплатениот играч во клубот. Договорот сè уште не е официјално потпишан, но се очекува тоа да се случи во наредните денови.
Тековниот договор на Рајс е до јуни 2028 година со опција за продолжување за уште една сезона. Играчот од средниот ред се приклучи на „Емирати“ од Вест Хем во летото 2023 година за тогаш рекордна сума од 105 милиони фунти за Арсенал и брзо стана клучен играч во тимот на Микел Артета.
Англичанецот има одиграно 173 натпревари и постигнато 22 гола за „топџиите“, а минатата сезона беше избран за играч број 1 на клубот откако му помогна на тимот да ја освои титулата во Премиер лигата.
Самиот Рајс пред неколку дена призна дека е блиску до нов договор, истакнувајќи ја довербата што ја добива од Артета и неговиот одличен однос со соиграчите.
Арсенал, исто така, постигна договор за продолжување на договорот со холандскиот дефанзивец Јирген Тимбер.


