Рибакина останува на врвот на ВТА ранг-листата, Андреева се искачи на второто место

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го задржа своето прво место на најновата ВТА ранг-листа со 8.099 поени. На второто место е Русинката Мира Андреева, која се искачи за едно место, додека Белорусинката Арина Сабаленка е трета.

Прегледи:

Датум:

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го задржа своето прво место на најновата ВТА ранг-листа со 8.099 поени. На второто место е Русинката Мира Андреева, која се искачи за едно место, додека Белорусинката Арина Сабаленка е трета.

Андреева, која го освои Финалниот турнир без да изгуби сет, се искачи за едно место.

Арина Сабаленка падна на третото место со 6.685 поени, додека Американката Коко Гоф е на четвртото место со 6.163 поени.

Петтиот рекет на светот е уште една Американка, Џесика Пегула, која има 6.160 поени, само три помалку од Гауф. Следна е Украинката Елина Свитолина со 5.921 поен, која го задржа шестото место.

Чехињата Линда Носкова се искачи за едно место и сега е седма со 4.743 поени. Нејзината сонародничка Каролина Мучова падна за едно место и е на осмото место со 4.665 поени.

Во првите десет се и Полјачката Ига Швјонтек, на деветтото место со 4.188 поени, и Украинката Марта Костјук, која е на десеттото место со 3.910 поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар може да остане без својот ракометен диригент: Јака Малус пред заминување од Скопје?

Вардар би можел да се соочи со сериозен кадровски...

🎥 Димитријевиќ го „урна“ европскиот шампион: 19 поени за македонскиот ас во големата победа на Арис!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар...

Македонија бара крај на црната серија против Словенија

Седум години по една од најубавите вечери во поновата...