Димитријевиќ ги разигра сите во Солун: 13 асистенции, прв дабл-дабл за Македонецот!

Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар во дресот на Арис, постигна 11 поени и подели фантастични 13 асистенции, со што го забележа својот прв дабл-дабл учинок во дресот на грчкиот тим.

Прегледи:

Датум:

Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар во дресот на Арис, постигна 11 поени и подели фантастични 13 асистенции, со што го забележа својот прв дабл-дабл учинок во дресот на грчкиот тим.

Македонскиот репрезентативец беше вистински диригент на играта на Арис во победата над Ле Ман од 96-86, во осмото коло од Еврокупот. Иако реализацијата од поле не му беше најсилна страна, неговата способност да ги разигра соиграчите и да го организира нападот дојде до израз.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 11 поени, две скокови и 13 асистенции, статистика која зборува за неговото влијание врз играта на солунскиот клуб. Тринаесетте асистенции се негов личен рекорд во европските натпреварувања, а ваквиот настап е дополнителен сигнал дека Арис добива важен играч во организацијата на нападот.

Арис продолжува со одличните резултати во Еврокупот и по осум одиграни натпревари има седум победи и само еден пораз, а Димитријевиќ со вакви партии може да биде еден од клучните играчи во амбициите на клубот оваа сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...