Лејкерси ја забележаа деветтата победа по ред, Пистонс ја прекинаа серијата на Спарси

Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерси до победа од 118-114 над Шарлот во вторник вечерта на Crypto.com Arena. Словенечкиот плејмејкер постигна 36 поени, додаде седум асистенции и шест скока за 43 минути

Прегледи:

Датум:

Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 118-114 над Шарлот во вторник вечерта на Crypto.com Arena. Словенечкиот плејмејкер постигна 36 поени, додаде седум асистенции и шест скока за 43 минути.

Лејкерс го добија својот деветти натпревар по ред и покрај тоа што играа без Остин Ривс и Вокер Кеслер.

Резултатот беше 111-111 по регуларното време, а Квентин Грајмс погоди тројка со сирената за да го испрати натпреварот во продолжение.

Грајмс постигна рекордни 47 поени во кариерата, откако погоди 10 тројки од 14 обиди. Лејкерси во еден момент заостануваа и со 18 поени.

Детроит славеше со 105:93 во Сан Антонио и ја прекина серијата од 12 победи на Спарси, а Њујорк ги победи Репторс со 111:102 во Торонто.

Минесота беше подобра од Портланд на домашен терен со 106:105, додека Јута ги декласираше Клиперсите во Лос Анџелес со 132:107.

Резултати од НБА лигата:

Лос Анџелес Лејкерс – Шарлот Хорнетс 118:114 (продолжение)
Детроит Пистонс – Сан Антонио Спарс 105:93
Њујорк Никс – Торонто Репторс 111:102
Минесота Тимбервулвс – Портланд Треил Блејзерс 106:10
Јута Џез – Лос Анџелес Клиперс 132:107

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Барцокас за Везенков: Го имаме најдобриот кошаркар во Европа

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, не штедеше пофалби за...

Покетино сè уште не пристигнал во Манчестер Јунајтед, но веќе наметнал правила

Дури и пред да слета во Карингтон и официјално...

Гоф на „врвот“: 373 двојни грешки во 65 натпревари

Американската тенисерка Кори Гоф е тенисерка со најмногу двојни...