Хауард пред заминување од Басконија, преговара со Зенит

Еден од најдобрите бекови во Евролигата, Маркус Хауард, наскоро би можел да ја напушти Басконија и да ја продолжи кариерата во Зенит, објави „Basketnews“

Прегледи:

Датум:

Еден од најдобрите бекови во Евролигата, Маркус Хауард, наскоро би можел да ја напушти Басконија и да ја продолжи кариерата во Зенит, објави „Basketnews“.

Тој на тој начин повторно би соработувал со црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ, кој веќе го тренираше во Басконија.

Како што е наведено, Хауард би донел дополнителна офанзивна моќ и искуство од Евролигата во својот тим.

Американецот не играше против Бешикташ во петокот во Евролигата, по одлука на тренерот.

Зенит се обидува да ја искористи оваа ситуација, па останува да се види дали преговорите ќе резултираат со трансфер.

Хауард минатата сезона во Евролигата имаше просек од 10,4 поени, 2,1 асистенции и 1,6 скока по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Христов: Нема да се откажеме од ниту едно дете кое има квалитет и потенцијал да игра за Македонија

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на...

Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска му се заблагодари...

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...