„Не е добро вака да се презентираме“, вели Стојановски по дебаклот против Бугарија

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, по последниот натпревар на Европското првенство и поразот од Бугарија во мечот за 13. место, го оцени настапот на своите избраници, посочувајќи ги причините за денешното издание, но и потребата од сериозна работа во периодот што следува.

Прегледи:

Датум:

„Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до планот за игра, во многу моменти бевме недисциплинирани, а тоа на ова ниво не смее да се случи. Повторно имавме многу грешки и не е добро вака да се презентираме“, вели Стојановски по поразот од 62:102 од нашиот источен сосед.

Сепак, селекторот смета дека целокупната слика од настапот на првенството е реална, особено ако се земат предвид ограничувањата со кои се соочуваше тимот.

„Мислам дека оваа слика е реална. Ние во групната фаза игравме на максимум. Имавме и лоши моменти, тоа е нормално, но немаме длабока клупа која може да ги компензира тие работи.“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Историски дрес на Џордан продаден за неверојатни 12,26 милиони долари

Дресот што го носеше Мајкл Џордан за време на...

📷 Халанд тужи авиокомпанија поради фотографија

Ерлинг Халанд ја тужи Norwegian Air Shuttle за наводно...

Чави: Не треба да се плашиме од Грција, но треба да ја почитуваме

Селекторот на холандската репрезентација, Чави Ернандез, нагласи дека неговиот...

Барселона ги пушти билетите во продажба за „Ел Класико“, навивачите шокирани од цените

Барселона почна да продава билети за „Ел Класико“ против...