Официјално: Ибон Наваро нов тренер на Црвена Звезда

Шпанскиот стручњак Ибон Наваро е новиот тренер на кошаркарскиот тим на Црвена Ѕвезда, објави денес белградскиот клуб

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот стручњак Ибон Наваро е новиот тренер на кошаркарскиот тим на Црвена Ѕвезда, објави денес белградскиот клуб. Наваро пристигнува во Белград од Уникаха, каде што остави голема трага, откако освои седум трофеи со тимот од Малага.

Во текот на својата кариера работеше како помошник тренер во бројни клубови, меѓу кои Басконија, Валенсија и Тенерифе, а беше и член на тренерскиот штаб на репрезентацијата на Порторико.

Тој е на клупата на Уникаха од 2022 година. Под негово водство, клубот од Малага освои две титули во Лигата на шампионите на ФИБА, два Интерконтинентални купа, два Кралски Купа и Суперкупот на Шпанија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели е новиот светски шампион во Формула 1

Андреа Кими Антонели ја освои светската титула во ФОрмула...

Усик: Расчистив со тешката категорија, се враќам во мојата

Поранешниот светски шампион во бокс, Олександр Усик, објасни зошто...

Конор Мекгрегор објави крај на кариерата: Ми останува само уште една ММА борба

Поранешниот шампион на UFC во перо и лесна категорија,...

Вардар го декласира Пелистер во дербито и остана перфектен во Суперлигата

Вардар ја доби првата голема ракометна пресметка со Еурофарм...