„Овој пат се извлече. Ќе биде последен пат“, кажа Алварадо за неспортскиот потег на Вембањама

Атмосферата пред четвртиот натпревар од финалето на НБА се загрева, а Виктор Вембањама е во центарот на вниманието поради неговиот контроверзен дуел со Џејлен Брaнсон од третиот натпревар

Прегледи:

Датум:

Атмосферата пред четвртиот натпревар од финалето на НБА се загрева, а Виктор Вембањама е во центарот на вниманието поради неговиот контроверзен дуел со Џејлен Брaнсон од третиот натпревар.

За време на првата четвртина од победата на Спарс во Медисон Сквер Гарден, Вембањама го турна Брансон на теренот, но судиите не досудија никакви прекршоци. Овој потег предизвика големо незадоволство во таборот на Никс, а Хозе Алварадо беше најгласен.

„Не мислам дека е кошарка. Тоа е нешто што лигата треба да го разгледа. Овој пат се извлече. Ќе биде последен пат“, рече темпераментниот бек на Њујорк.

Лигата имаше можност да ја разгледа ситуацијата и евентуално да досуди намерен прекршок, но во овој случај одлучија да не преземат таков чекор. Целата приказна добива дополнителна тежина поради историјата на Вембањама во плејофот оваа година. Французинот веќе заработи два казнени поени откако беше исклучен против Минесота поради удирање со лакт на Наз Рид во вратот, кога беше казнет за неспортски фаул од втор степен.

Според правилата на НБА, четири казнени поени автоматски резултираат со суспензија од еден натпревар. Ова значи дека евентуален ретроактивен неспортски фаул од прв степен против Брансон би му донел на Вембањама уште еден казнен поен и би го довел само на еден чекор од суспензија за остатокот од финалната серија.

Самиот Брансон не сакаше да долева масло на огнот. По третиот натпревар, тој кратко коментираше за инцидентот: „Она што го видовте, е она што го видовте“.

Иако НБА не одговори понатаму, јасно е дека Никс не го заборавиле контроверзниот момент. Пораката на Алварадо покажува дека физичката игра и тензиите меѓу двата тима ќе бидат една од главните приказни во остатокот од финалето на НБА, додека Спарс се обидуваат да ја изедначат серијата и Њујорк за да ја вратат контролата во борбата за шампионскиот прстен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️Бузер пред Леброн: Само еден играч постигнал „трипл-дабл“ пред него!

Пет натпревари беа доволни за Камерон Бузер да направи...

Ѓоковиќ по елиминацијата во Базел: Поразот ме боли, Штруф играше неверојатно

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето...

Македонија е сериозна држава со сериозни институции, кажа Миленко за спорот со Тиквеш

Без разлика кој што мисли, Република Македонија е сериозна...