Кошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжија соработката

Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение изрази искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.

„Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена.

Поддршката на нашата најдобра репрезентација е од особено значење во остварувањето на поставените спортски цели и обезбедувањето на најдобри можни услови за подготовка и настап на македонските репрезентативци.

Во име на Кошаркарската федерација на Македонија, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме искрена благодарност до раководството на Комерцијална банка АД Скопје за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим.

Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја“, стои во соопштението.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пимблет сака реванш со Геиџи: Ќе го соборам во првите 10 секунди

Пади Пимблет не ја исклучи можноста за реванш со...

Јасикевичиус: Немаме идентитет како тим

Фенербахче не помина добро на турнејата низ Шпанија. Шампионите...

Сопственикот на Милан: Аморим е мојот „Топ Ган“, не треба да му дишам во врат

Сопственикот на Милан и раководител на инвестицискиот фонд „РедБирд“,...

„Два чекора напред, еден назад“ – Пјастри за кризата со автомобилите на Мекларен

Иако Оскар Пјастри повеќе не е директно вклучен во...