Реал Мадрид потпиша со поранешен кошаркар на Шарлот и Лејкерс

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид го доведе американскиот бек Ник Смит Џуниор. Шпанскиот тим бараше уште еден играч за засилување на нападот и го пронајде на американскиот пазар. Тој игра на позиции плејмејкер и бек шутер и потпиша едногодишен договор

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид го доведе американскиот бек Ник Смит Џуниор. Шпанскиот тим бараше уште еден играч за засилување на нападот и го пронајде на американскиот пазар. Тој игра на позиции плејмејкер и бек шутер и потпиша едногодишен договор.

Смит беше избран како 27-ми пик на драфтот во 2023 година од Шарлот Хорнетс, за кои ги играше своите први две сезони во НБА. Последната ја помина во Лос Анџелес Лејкерс, каде што имаше просек од 5,6 поени, 0,9 асистенции и 0,7 скока за помалку од 11 минути по натпревар.

Смит одигра вкупно 141 натпревар во НБА за три години, од кои 28 ги започна како стартер, со просек од 6,2 поени, една асистенција и 0,8 скока за 17 минути.

Тој привлече внимание за време на неговата дебитантска сезона во Шарлот, каде што шутираше со 43,2 проценти од линијата за три поени. Тоа беше најдобриот резултат меѓу сите дебитанти таа сезона, и тој стана само вториот играч во историјата на НБА што го достигнал тој процент како „руки“ на 19 години или помлад – по Џејсон Тејтум.

Додека беше со Лејкерси, тој стана и најмладиот играч во историјата на франшизата што постигнал најмалку 25 поени во еден натпревар без да погоди ниту едно слободно фрлање. Тој го направи тоа против Портланд Треил Блејзерс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико Мадрид на врвот на Шпанија

Атлетико Мадрид го победи Леванте со 2-0 во 11-то...

🎥Саторански по тешкиот пад: Беше страшен момент, сега сум многу подобро

Кошаркарот на Хапоел од Тел Авив, Томаш Саторански, се...

📽️ Челси го победи Јунајтед, Карик на излезна врата?

Челси го казни Јунајтед за нивните промашувања и победи...

🎬Леброн во елемент: Филаделфија го победи шампионот по втор пат оваа сезона

Леброн Џејмс има 41 година, ја игра својата 24-та...