Седлоски го објави списокот за четирите натпревари во Лигата на нации

Селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните четири натпревари од новото издание на УЕФА Лигата на нации

Прегледи:

Датум:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, денеска го објави списокот на фудбалери за претстојните четири натпревари од Лигата на нации.

Македонија започнува на 26. септември против Швајцарија во Скопје, по што следува гостување кај Словенија на 29. септември во Љубљана, домашнен натпревар против Шкотска на 3. октомври и вториот дуел со Швајцарија, на гостински терен во Луцерн на 6. октомври.

Седлоски повика 28 фудбалери, меѓу нив четворица дебитанти, Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум. Поради повреда натпреварите ќе ги пропушти дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Македонија е о група со Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик го посочи прстот кон Лисандро за поразот од Челси

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, призна дека црвениот...

Баерн заинтересиран за Одегард

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, е цел на Баерн,...

Атлетико Мадрид на врвот на Шпанија

Атлетико Мадрид го победи Леванте со 2-0 во 11-то...

🎥Саторански по тешкиот пад: Беше страшен момент, сега сум многу подобро

Кошаркарот на Хапоел од Тел Авив, Томаш Саторански, се...