Реал Мадрид проитв Олимпијакос за трофејот од Суперкупот на Евролигата

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Суперкупот на Евролигата, откако кошаркарите на Педро Мартинез победија против Дубаи со 98:95 (18:27 24:16 22:20 24:25 10:7) по продолжение во второто полуфинале

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Суперкупот на Евролигата, откако кошаркарите на Педро Мартинез победија против Дубаи со 98:95 (18:27 24:16 22:20 24:25 10:7) по продолжение во второто полуфинале. Натпреварот во „Етихад Арена“, Абу Даби, понуди многу пресврти, а во дополнителните 5 минути Шпанците ги совладаа момците на Чави Пасквал.

Во спорот за трофејот на новиот турнир под покровителство на Евролигата, мадридскиот тим ќе игра со Олимпијакос. Грците го победија Фенербахче во првото полуфинале со 92:90.

Тимоте Луваву-Кабаро и Валтер Таварес блескаа со по 20 поени за Реал, а вториот додаде 7 скока. Габриел Дек постигна 15 поени, Хаиме Прадија имаше 13 поени и 7 скока, а Андрес Фелиз заврши со 10 поени.

Ели Окобо го предводеше Дубаи со 24 поени. Двејн Бејкон заврши со 19 поени, Мекинли Рајт имаше 12 поени. Торнике Шенгелија имаше 11 поени и 5 скока, а Мфионду Кабенгеле имаше 10 поени.

Во финалето, Реал Мадрид ќе се соочи со Олимпијакос во повторување на финалето на Евролигата од мај, кога Грците излегоа како победници. Тогаш нашите јужни соседи се одмаздија за поразот во големото финале во 2023 година, а сега „Кралевите“ ќе се обидат да го надоместат поразот.

Натпреварот е денес, 19 септември (сабота) во 19:00 часот по наше време.

Закажан е и натпревар за третото место, кој ќе биде на истиот ден како и финалето во 16:00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Шакил О’Нил стана почесен специјален агент на ФБИ

Шакил О'Нил доби уште една необична титула. Легендарниот кошаркар...

Компани по убедливата победа над Унион: Навивачите можат да одат на Октоберфест со одличен подарок

Винсент Компани ја коментираше убедливата победа на неговиот тим...

Сè беше разочарувачки, особено резултатот, вели Алонсо по 3:0 против Брентфорд

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, зборуваше по нивниот пораз...

Капитенот на Челси: Навистина треба да се подобриме како тим

Капитенот на Челси, Леви Којл, зборуваше по поразот на...