Доколку сопственикот на кошаркарскиот тим Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го оствареше она што го сакаше, Никола Јокиќ ќе играше за неговиот тим следната сезона, објави Ројтерс.
Јанакопулос, чија нето вредност се проценува помеѓу 500 милиони и 1,9 милијарди долари, откри во поткастот на EuroInsiders дека им понудил на Денвер Нагетс откуп на договорот на Јокиќ и сакал да го доведе во Атина.
„Луѓето ќе речат: „Добро, се шегува“, рече Јанакопулос, додавајќи: „Оваа година дадов многу сериозна понуда, и до неговиот тим и до него. Бев одбиен. Знам дека има уште една година од договорот.“

Технички, Никола Јокиќ има уште две години од договорот со Денвер. Тој треба да заработи 59.033.114 долари оваа сезона и 62.841.702 долари следната, но сезоната 2027/2028 е опција за Јокиќ.
„Се обидов да го откупам неговиот договор минатата година. Им требаа неколку секунди да речат: „Кој? Грција? Каде? Што? Чао“. Но… да почекаме до следната година“, додаде шефот на Панатинаикос.
Триесет и едно годишниот српски кошаркар ги помина сите 11 сезони во НБА со Нагетси досега и имаше просек од 22,2 поени, 11,1 скока и 7,5 асистенции, додека го предводеше нападот кон единствената шампионска титула на франшизата во сезоната 2022/2023.
Минатата година во Евролигата, Панатинаикос постигна резултат од 22-16, завршувајќи седми од 20 екипи и губејќи од Валенсија во првото коло од плејофот.


