📷📽️ Роналдињо: Ги сакам предизвиците, време беше да се вратам

Легендарниот Роналдињо беше возбуден по долгоочекуваното враќање на фудбалскиот терен. 46-годишниот поранешен освојувач на „Златната топка“ го имаше својот прв официјален настап по 11 години откако беше стартер за италијанскиот тим Равена во натпревар од Серија Ц против Форли

Прегледи:

Датум:

Легендарниот Роналдињо беше возбуден по долгоочекуваното враќање на фудбалскиот терен. 46-годишниот поранешен освојувач на „Златната топка“ го имаше својот прв официјален настап по 11 години откако беше стартер за италијанскиот тим Равена во натпревар од Серија Ц против Форли.

Бразилецот остана на теренот целото прво полувреме и беше заменет на полувремето. И покрај паузата од професионалниот фудбал, ветеранот успеа да остави свој белег, земајќи директно учество во нападот што доведе до првиот гол на домашната екипа.

По натпреварот, Роналдињо им се обрати на навивачите со емотивна порака на социјалната мрежа „X“:

„Исклучително сум среќен што повторно играв на официјален натпревар… Имав неколку години пауза, но сега беше време да се вратам, хаха. Сериозно, беше прекрасно да го доживеам овој ден покрај моите соиграчи и пред полна публика! Ова е навистина многу посебен момент во мојот живот.“

„Знаете колку ги сакам предизвиците и правам работи што никој или речиси никој не ги направил претходно. Тој адреналин, мирисот на тревата и контактот со топката – чувството е секогаш уникатно. Благодарност до моите пријатели Лоренцо, Игнасио и Џузепе Чипријани, како и до целиот клуб од Равена што веруваа во овој сон. Ќе продолжиме да работиме за да ја освоиме Италија и целиот свет! Убеден сум дека сме го одбрале вистинскиот пат.“

„Благодарност до сите навивачи за оваа незаборавна вечер, како и до оние што дојдоа од далеку за да ми покажат почит и да уживаат во добар фудбал. Се гледаме наскоро, семејство!“ заклучи бразилската ѕвезда.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар може да остане без својот ракометен диригент: Јака Малус пред заминување од Скопје?

Вардар би можел да се соочи со сериозен кадровски...

🎥 Димитријевиќ го „урна“ европскиот шампион: 19 поени за македонскиот ас во големата победа на Арис!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар...

Македонија бара крај на црната серија против Словенија

Седум години по една од најубавите вечери во поновата...