ТФТ со емотивна објава се прости со Ташовски

По речиси четири сезони поминати во дресот на ТФТ, еден од најдобрите кошаркари Виктор Ташовски се прости од црно-белиот дрес. Македонскиот репрезентативец синоќа потпиша со КК Дубровник.

Прегледи:

Датум:

По речиси четири сезони поминати во дресот на ТФТ, еден од најдобрите кошаркари Виктор Ташовски се прости од црно-белиот дрес. Македонскиот репрезентативец синоќа потпиша со КК Дубровник.

Клубот од Тафталиџе во емотивна објава на социјалните мрежи се прости од својот кошаркар:

„Од денот кога пристигна во ТФТ, Виктор растеше заедно со клубот, а неговата последна сезона беше и неговата најдобра. Со просек од 15.6 поени и 3.3 асистенции по натпревар, беше еден од лидерите на тимот и даде огромен придонес во секој натпревар.

Токму во дресот на ТФТ, Виктор се изгради во стандарден репрезентативец на Македонија, нешто на што сме особено горди.

Дојде време за разделба, но не и за збогување. Сигурни сме дека ова е само ново поглавје во една успешна кариера, а ние ќе продолжиме да навиваме за него каде и да игра.

Виктор, ти благодариме за секоја победа, за секоја борба и за секој момент поминат во дресот на ТФТ.

ТФТ секогаш ќе остане твој дом. Ти посакуваме многу здравје, среќа и уште поголеми успеси во понатамошната кариера. Еднаш ТФТ – засекогаш ТФТ“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷Тектонски пореметувањa на пазарот на опрема: Мбапе го напушти „Најк“ и потпиша за швајцарски бренд

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, направи сензационален...

Џејмс објасни зошто го избрал Ефес: Сакам да се борам за трофеи

Еден од најголемите трансфери ова лето во Евролигата е...

🎬Едвардс за Леброн: Неговите колена не можеа да го издржат студот

Ентони Едвардс уште еднаш покажа дека нема НБА ѕвезда...

Првиот список на Чави носи очекувани промени кај „лалињата“

Чави Ернандез (46) го објави списокот на играчи за...