УО на КФМ донесе одлука за регулирање на долговите на клубовите

Прегледи:

Датум:

Во насока на стабилизација и унапредување на домашната кошарка, на денешната седница, Управниот одбор на Кошаркарската Федерација на Македонија, донесе и разгледа повеќе значајни одлуки.

Во рамките на расправата по усвоениот дневен ред, Управниот одбор донесе одлука за регулирање на финансиските обврски на клубовите, со која:

• За старите долгови се овозможува подмирување со 40% попуст, најдоцна до 31 мај,

• За обврските од тековната сезона се овозможува 20% попуст, со рок за подмирување до 20 јуни.

Со оваа мерка се овозможува финансиско растоварување на клубовите и создавање основа за стабилен и дисциплиниран систем во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Исто така, беше отворена расправа по Предлог-правилникот за лиценцирање на клубовите за настап во системот на натпреварување во Република Македонија, кој ги опфаќа:

• МТЕЛ Супер лига мажи

• Прва лига-жени

• Прва лига-мажи

Правилникот е структуиран во 12 основни целини, и тоа:

• Општи одредби

• Услови за лиценцирање

• Спортски критериуми

• Инфраструктурни критериуми

• Административни и правни критериуми

• Финансиски критериуми

• Организациски критериуми

• Етички критериуми

• Постапка за лиценцирање

• Видови на лиценца

• Контрола и ревизија

• Завршни одредби

Управниот одбор ја потврди определбата за воведување на јасен и строг лиценцен систем, при што донесе заклучок:

• Се задолжуваат стручните служби на федерацијата, во рамките на своите надлежности, да превземат активности за извршување на дополнителна анализа на Предлог-правилникот.

Стручните служби се задолжуваат во рок од осум (8) дена да:

• Извршат сеопфатна проверка на предложените решенија, пред се од спортски и правен аспект,

• Да дадат конкретни предлози за подобрување и доуредување на одредбите,

• Да предложат јасни и применливи решенија, со цел обезбедување на функционален и одржлив систем на лиценцирање,

По доставување на мислењето и предлог-решенијата, Управниот одбор ќе пристапи кон конечно усвојување на Правилникот за лиценцирање, стои во соопштението.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Дончиќ закупи цела страна во весник, им вети на навивачите на Лејкерс дека ќе се борат за титулата

Лука Дончиќ закупи цела страница во „Лос Анџелес Тајмс“...

🎬 Баерн и Арсенал ги поделија бодовите во дербито во Минхен, прекината победничката серија на „топџиите“ 

Баерн Минхен и Арсенал ремизираа 2-2 во возбудлив натпревар...

Милан ја поддржа одлуката за бојкот на навивачите

Милан ја поддржа одлуката на навивачите да го бојкотираат...

Роналдо испрати порака до Кварацхелија: Најдоброто допрва доаѓа

Повредата на Хвича Кварацхелија против Барселона нанесе тежок удар...