Чупиќ: Заедничка цел е Вардар да ја помине групната фаза на Лигата на шампионите

По три сезони пауза, РК Вардар повторно се враќа во Лигата на шампионите. Во групната фаза „црвено-црните“ ќе играат против Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, а враќањето во елитата носи нов предизвик, но и нова можност клубот повторно да се покаже на највисоката европска сцена

Прегледи:

Датум:

По три сезони пауза, РК Вардар повторно се враќа во Лигата на шампионите. Во групната фаза „црвено-црните“ ќе играат против Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, а враќањето во елитата носи нов предизвик, но и нова можност клубот повторно да се покаже на највисоката европска сцена. Тренерот Иван Чупиќ за сајтот на Вардар зборува за првите впечатоци по ждрепката, за силата на ривалите, за тоа каде ја гледа шансата на Вардар и каква порака им испраќа на навивачите пред новата европска сезона.

„Многу сме среќни и задоволни што после четири години ќе играме Лига Шампиони, така што со нетрпение го очекуваме септември и да го започнеме нашиот пат во најелитното клупско натпреварување“, вели Чупиќ.

Групата што ја доби Вардар е силна и носи различни стилови на игра, но тренерот на „црвено-црните“ смета дека првата цел мора да биде јасна – тимот да биде конкурентен на секој меч и да се бори за место понатаму.

„Секој противник е различен и за секој противник треба посебно да се подготвиме. Но за Вардар најважно е да бидеме конкурентни. Имаме шест натпревари во групната фаза. Сакам да видам јак, борбен, тимски Вардар со заедничка цел да ја поминеме групната фаза. Ќе имаме прилика да видиме до каде сме и на што може да се надеваме во оваа група.“

Новиот формат на натпреварување носи и многу помал простор за грешка, но Чупиќ смета дека за вистинска оценка ќе треба време.

„По прв пат се игра во овој формат, па кога ќе имаме повеќе искуство ќе видиме дали е подобар или не, а и да се види просторот за грешки што може да се направат. Ние сакаме да го дадеме максимумот на секој натпревар и да пробаме да се пласираме во Главната фаза. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување и секоја екипа која е овде заслужува да биде дел од него. Просторот за грешка на секој натпревар е мал, па секој натпревар ќе биде тежок.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Три нерешени натпревари за старт на плејофот за влез во Лигата на шампионите

Во вторник, 18 август, беа одиграни првите три натпревари...

Мусијала откако колабираше втор пат за неколку дена: „Разбирам дека сте загрижени…“

Џамал ​​Мусијала, кој помина низ турбулентна недела и колабираше...

ГРК Охрид го победи младиот тим на Египет на турнирот „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа над репрезентацијата на Египет до...

Искусниот Костоски ќе ги брани боите на KK Соколи 1933 – Штип

Поранешниот македонски репрезентативец - Александар Костоски е ново засилувањe...