Англиската фудбалска лига бара исплата од 1 милијарда фунти од Премиер лигата

Англиската фудбалска лига побара 1 милијарда фунти од Премиер лигата во текот на пет години, додека продолжуваат разговорите за нов договор за поделба на приходите за англискиот фудбал, објави Скај њуз

Прегледи:

Датум:

Англиската фудбалска лига (EFL) побара 1 милијарда фунти од Премиер лигата во текот на пет години, додека продолжуваат разговорите за нов договор за поделба на приходите за англискиот фудбал, објави Скај њуз.

Клубовите од највисоката лига на вчерашниот состанок беа известени дека EFL бара 207 милиони фунти годишни исплати во текот на пет години, се вели во извештајот.

Порано оваа година, беше објавено дека Премиер лигата понудила 1,5 милијарди фунти во текот на 10 години, покрај сегашното финансирање обезбедено од највисоката лига.

Портпаролот на EFL одби да коментира за ова прашање, наведувајќи ги тековните преговори.

Според медиумските извештаи, минатата сезона Премиер лигата исплатила околу 137 милиони фунти на трите пониски дивизии администрирани од EFL – Чемпионшип, Лига Еден и Лига Два.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Гоф на „врвот“: 373 двојни грешки во 65 натпревари

Американската тенисерка Кори Гоф е тенисерка со најмногу двојни...

Червар не отстапува од „7 на 6“: Критиките ме тераат да бидам уште подобар!

Лино Червар не се откажува од својата ракометна филозофија,...

Пелистер го урна германскиот гигант во Битола: Червар одговори на критиките, а тимот покажа карактер за голем пресврт!

Еурофарм Пелистер приреди една од најубавите европски вечери сезонава...

🎥Руни ја шокираше јавноста со исповед: Размислував за самоубиство, сопругата ме спаси

Најдобриот стрелец на сите времиња на Манчестер Јунајтед, Вејн...