📽️ Сабаленка наводно ја опцула Свитолина за време на натпреварот од завршниот ВТА турнир, ја нарекла со навредливо име

Украински тениски профил на Твитер објави клип од завршниот ВТА турнир во кој се тврди дека Арина Сабаленка ги пцуела Украинките за време на нејзиниот пораз од Елина Свитолина, иако зборовите не се слушаат и тврдењето се базира исклучиво на читање од усни

Прегледи:

Датум:

Украински тениски профил на Твитер објави клип од завршниот ВТА турнир во кој се тврди дека Арина Сабаленка ги пцуела Украинките за време на нејзиниот пораз од Елина Свитолина, иако зборовите не се слушаат и тврдењето се базира исклучиво на читање од усни.

Снимката од три секунди е објавена од Твитер профилот на украинскиот тенис (BTU), посветен на украинскиот тенис. На неа се гледа како Сабаленка во третиот сет, со резултат 1:2 во гемови и 15:40, зборува нешто луто.

Авторите на објавата тврдат дека, судејќи според движењата на усните, таа на руски рекла „е*и ги Украинките, е*аго“, а како алтернатива, наведуваат дека таа ја нарекла противничката „е*ена украинска ку*ка“. Тие самите не тврдат со сигурност што рекла, а зборовите не се слушаат јасно во клипот.

Во објавата се додава дека станува збор за „извонреден пример за почит и спортски дух“ од втората тенисерка во светот, со коментар дека украинските тенисерки сè уште се прашуваат зошто не се ракуваат со Русинки и Белорусинки.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и ги подели тениските фанови. Некои ја критикуваа Сабаленка, додека други предупредија дека движењата на усните не можат со сигурност да утврдат што некој рекол, пишува индискиот „Сандеј Гардијан“. Нема независна потврда за тоа што го кажала Белорусинката.

Сабаленка и ВТА досега не ги коментираа овие тврдења.

Свитолина го доби натпреварот со 6:3, 3:6, 6:1 и се пласираше во полуфиналето, а по натпреварот, како и претходно, не се ракуваше со Сабаленка. Украинските тенисерки одбиваат да се ракуваат со тенисерки од Русија и Белорусија уште од руската инвазија во февруари 2022 година. Сабаленка беше елиминирана од турнирот со поразот и ќе ја заврши годината како трета тенисерка во светот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Синот на Покетино ќе ја подобрува физичката подготвеност на играчите на Манчестер Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, ќе се...

Сопственикот на Милан: Никогаш нема да го продадам клубот, сакам да го водам во нова ера како Берлускони

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, раководител на американскиот инвестициски...

Ван Бомел: Натпреварот со Италија го гледам како елиминациски судир

Селекторот на Белгија, Марк ван Бомел, нагласи дека италијанската...

Доргу ослободен од составот на Данска, се враќа во Манчестер

Патрик Доргу е ослободен од кампот на репрезентацијата на...