Ивановски го предаде мечот во второто коло на ИТФ турнирот во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски денешниот меч од второто коло на ИТФ турнирот Пардубице го предаде во вториот сет

Прегледи:

Датум:

Македонскиот тенисер Калин Ивановски денешниот меч од второто коло на ИТФ турнирот Пардубице го предаде во вториот сет. Тој мечот го предаде при водство од 1-0 во сетови за противникот и 2:1 за него во гемови во вториот сет.

Поуспешен од него беше Германецот Клаус Пенинг. Во првиот сет се водеше голема борба, а единствениот брејк го направи Пенинг во 11.гем за водство од 6:5 и потоа го доби и следниот гем на свој сервис. Во вториот сет во трите одиграни гемови немаше ниту еден брејк, но Ивановски го предаде мечот.

Македонскиот дејвис куп репрезентативец во текот на летото имаше проблеми со повредата и ова за него беше втор турнир на кој настапи.

Ивановски за следната недела е пријавен за настап на турнир во романскиот град Слобозиа, соопшти ТФСМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Четири големи европски лиги издадоа заедничка изјава против Инфантино

Англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А...

Леклер: На Ферари не му требаат пишани правила за битки на патеката

Ферари има еден од најдобрите парови на возачи во...

Федерер го посочи најдобриот во светот

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер...

Верстапен најбрз во Баку пред квалификациите

Макс Верстапен беше најбрз на последната тренинг сесија пред...