Ивановски и Приходко обезбедија полуфинале на турнирот во Загреб

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви

Прегледи:

Датум:

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви.

Ивановски го елиминираше третиот носител Хавиер Баранко Косано откако на идентичен начин (ист резултат) како вчера со 2-0 во сетови (76(4) 75) го победи ривалот. Единствената разлика беше што во денешниот меч имаше по еден брејк во првиот сет за секој тенисер, а во вториот сет Ивановски брејкот го направи во 12.гем за 7:5 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 35 минути.

Олег Приходко оствари победа од 2-0 во сетови (64 63) за 90 минути против тенисерот од Грција Димитрис Сакеларидис.

Ивановски во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Божо Барун и Андреј Чепелев, додека Приходко ќе го чека победникот од Себастијан Зоргер – Кумоин Султанов.

Калин Ивановски денеска има уште еден меч полуфиналниот дуел во двојки каде со Амар Хусеиновиќ ќе играат против Елефтериос Неос и Петрос Циципас.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ЛН: Данска ја декласираше Португалија, Шведска и Норвешка славеа, Халанд продолжува да руши рекорди

Петтото коло во Лигата на нации донесе неколку изненадувања,...

🎥 Линекер за Покетино: Ако сè уште е таму за 18 месеци, ќе бидам изненаден

Повеќе од една деценија, Манчестер Јунајтед безуспешно бара наследник...

Ромарио кон Анчелоти по поразот од Јапонија: „Земи си ги работите и оди си“

Легендарниот бразилски напаѓач, сега сенатор, Ромарио побара Карло Анчелоти...

Нов тежок удар за кошаркарките: Македонија сè уште далеку од европското ниво

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша и вториот...