Дивејн Стјуард Јуниор: Целта е да ги победиме следните два натпревари

Дивејн Стјуард Јуниор синоќа имаше деби во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување ја презеде одговорноста на теренот и за повеќе од 30 минути игра постигна 26 поени, пет скока и пет асистенции

Прегледи:

Датум:

Дивејн Стјуард Јуниор синоќа имаше деби во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување ја презеде одговорноста на теренот и за повеќе од 30 минути игра постигна 26 поени, пет скока и пет асистенции.

По мечот изјави дека ова е негово прво искуство во еден национален тим и секогаш сака да го дадам најдоброто од себе.

„Спремен сум да работам со соиграчите и да помогнам во секој посед на топката, секој потег на теренот и секој детал во кошаркарската игра“, порача Стјуард по дебито.

Пред Македонија се последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите – домашниот дуел против Ирска на 2 јули во Скопје, а потоа гостувањето кај Луксембург три дена подоцна.

„Целта е да ги победиме следните два натпревари. Ќе се бориме да го направиме тоа и да бидеме најдобрата верзија на теренот“, додаде Американе

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...