🎥Драма на турнир близу Дубаи: Експлозија среде натпревар, тенисерите го напуштија теренот во паника

Драматични сцени доаѓаат од АТП Челинџер турнирот во Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати.

Прегледи:

Датум:

Драматични сцени доаѓаат од АТП Челинџер турнирот во Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати.

За време на натпреварот помеѓу Данило Остапенков и Хајато Мацуока, во близина на теренот одекна силна експлозија, по што играчите, судиите и другите присутни го напуштија теренот во паника. Сè беше снимено на видео кое се прошири на социјалните мрежи.

Видео споделено на X покажува навидум рутинска размена на удари. Но, по околу дваесет секунди, се слуша оглушувачки тресок – во истиот момент, играчите ги испуштаат своите рекети и трчаат кон излезот, а нив ги следат судиите. Видеото не покажува никакви повреди или штети на самиот терен, но реакцијата на сите присутни јасно покажува колку била застрашувачка ситуацијата.

Објавата брзо собра илјадници прегледи, а коментарите беа преплавени со шок и прашања за безбедноста на турнирот. Некои корисници се прашуваа и зошто натпреварот се одржува на таа локација, додека други изразија страв за играчите и организацијата на настанот.

Набрзо стана јасно дека шокот на тенискиот терен е резултат на посериозен инцидент во областа. Според локалните и меѓународните медиуми, воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати пресретнала дрон над Фуџаира, а потоа остатоците паднале во областа на блиското нафтено пристаниште и предизвикале пожар.

Властите соопштија дека пожарот брзо бил ставен под контрола, нема пријавени повредени, а пристанишните операции се продолжени. Целиот настан се одвива во атмосфера на зголемени тензии во регионот и страв од можни нови инциденти.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...