Поранешниот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го откри единствениот тим каде што би се вратил во Формула 1, без да стане акционер.
Британецот беше отпуштен од „биковите“ на средина од сезоната 2025 по повеќе од 20 години на чело на тимот. Оттогаш, тој постојано изјавуваше дека нема интерес повторно да биде вработен, но би направил исклучок само за еден тим, а тоа е „заспаниот џин“ Ферари.
„Бев вработен, седев на ѕидот од боксот 21 година, не сакам да се вратам назад и да го правам тоа повторно. Во оваа фаза од мојот живот има само еден тим за кој би се согласил да работам без да бидам акционер. Дали би го разгледал Ферари? Мислам, Ферари е најголемиот бренд во Формула 1, тоа е сон. И може да се каже дека Ферари е заспаниот џин на Формула 1“, изјави Хорнер за „Тајмс“.


