Бекасезе се збогува со Еквадор по елиминацијата

Селекторот на Еквадор, Себастијан Бекасезе, не сакаше да се извинува по елиминацијата од Светското првенство од Мексико, туку реши да ја преземе одговорноста

Прегледи:

Датум:

Селекторот на Еквадор, Себастијан Бекасезе, не сакаше да се извинува по елиминацијата од Светското првенство од Мексико, туку реши да ја преземе одговорноста.

Поради начинот на кој зборуваше, еквадорските медиуми веднаш објавија дека тој најавил оставка.

„Во првото полувреме тие целосно нè надиграа. Се обидовме да се вратиме во игра, но не можевме да постигнеме гол што ќе ни дадеше дополнителен импулс. Им се заблагодарувам на играчите и на целата земја за ова патување што завршува тука“, рече Бекасезе.

Иако Конфедерацијата сè уште не донела официјална одлука, сè укажува дека елиминацијата од Светското првенство ќе го означи крајот на ерата на Бекасезе како селектор на Еквадор, а наредните денови треба да донесат конечна потврда за неговото заминување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Покетино пред Босна и Херцеговина: Ова е како финале за нас, вежбавме пенали

Пред вечерва осминафиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу САД...

Ибрахимовиќ: „БиХ не треба да се потценува“

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ го даде своето предвидување за натпреварот...

И Романо ги потврди информациите за Клоп: „Чека повик…“

По испаѓањето од Светското првенство, Германија чека конечна одлука...