Добри вести за Салах и Египет

Големата ѕвезда и капитен на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах, ги продолжи тренинзите пред натпреварот на Африканците во шеснаесетфиналето против Австралија на Светското првенство во 2026 година. Натпреварот е на 3 јули во 20:00 часот по наше време во Арлингтон, Тексас (САД).

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот, кој се опоравува од истегнување на тетивата, учествуваше во дел од тренинг сесијата на тимот, а надежите се дека ќе биде целосно подготвен за натпреварот во петок.

Фудбалската централа на земјата објави фотографии од тренинг сесијата на тимот во Спокејн со натпис: „Кралот се врати“, на кои се гледа како Салах се смее и тренира.

Напаѓачот почувствува болка и беше принудно заменет во 57-та минута во нерешениот резултат против Иран во последниот натпревар од Групата Г на Светското првенство во 2026 година.

Египет се стреми да ја забележи својата прва победа во нокаут натпревар од Светското првенство, откако за прв пат успеа да ја надмине групната фаза.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Покетино пред Босна и Херцеговина: Ова е како финале за нас, вежбавме пенали

Пред вечерва осминафиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу САД...

Ибрахимовиќ: „БиХ не треба да се потценува“

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ го даде своето предвидување за натпреварот...

И Романо ги потврди информациите за Клоп: „Чека повик…“

По испаѓањето од Светското првенство, Германија чека конечна одлука...