Федерацијата бара оставка од Нагелсман, познато колку отпремнина ќе добие ако биде отпуштен

Германската фудбалска федерација (DFB) му понуди на тренерот Јулијан Нагелсман можност да поднесе оставка по разочарувачкото испаѓање на тимот од Светското првенство. Конечната одлука за иднината на 38-годишниот тренер се очекува најдоцна до почетокот на следната недела

Прегледи:

Датум:

Германската фудбалска федерација (DFB) му понуди на тренерот Јулијан Нагелсман можност да поднесе оставка по разочарувачкото испаѓање на тимот од Светското првенство. Конечната одлука за иднината на 38-годишниот тренер се очекува најдоцна до почетокот на следната недела.

Иднината на Јулијан Нагелсман како селектор на германската репрезентација стана под знак прашалник по поразот на тимот од Парагвај и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Според „Билд“, во четврток се одржал тричасовен состанок помеѓу Нагелсман и раководството на DFB, кое го сочинуваа Бернд Нојендорф, Ханс-Јоаким Вацке, Руди Фелер и Андреас Ретиг.

На состанокот, на германскиот тренер му била понудена опција сам да поднесе оставка, две години пред да му истече договорот, за да може „да ја напушти ситуацијата со крената глава“. На Нагелсман му било дадено време да ја разгледа понудата. Доколку не ја прифати, Федерацијата може да ја активира клаузулата за раскинување на договорот, но во тој случај би морала да плати отпремнина од приближно 7 милиони евра.

Конечната одлука за статусот на тренерот треба да биде позната најдоцна на почетокот на следната недела. Јирген Клоп сè уште се споменува како најверојатен кандидат за наследник на Нагелсман.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тотенхем блиску до дуо на Манчестер Сити

Тотенхем е во напредни преговори со Манчестер Сити за...

Шефот на унгарскиот фудбал побара оставка од Инфантино

Пет од осумте потпретседатели на ФИФА веќе го повикаа...

Деко: Ќе биде многу тешко да се најде замена за Левандовски

Спортскиот директор на Барселона, Деко, ги коментираше намерите на...

Погба се збогува со Монако

Пол Погба официјално го објави своето заминување од Монако....