Светското првенство донесе уште една ситуација за која ќе се зборува долго време, откако голот на Јошко Гвардиол беше поништен во судиското продолжение во драматичното финале на натпреварот помеѓу Португалија и Хрватска во Торонто.
Одлуката е донесена со помош на технологијата, поточно систем со чип вграден во топката и сензори кои го регистрирале контактот во спорната акција. Според објаснувањето, Игор Матановиќ претходно ја закачил топката, по што Марио Пашалиќ бил во недозволена позиција. Фактот дека топката го допрела и португалскиот дефанзивец Ренато Веига во остатокот од играта не ја промени конечната одлука, бидејќи контактот не бил намерен, па затоа правилата биле применети во корист на поништување на голот.
И додека хрватската репрезентација остана во неверица поради одлуката донесена во најчувствителниот момент од натпреварот, фудбалскиот свет e поделен околу толкувањето на ситуацијата, со сè погласни дискусии за улогата на технологијата во модерниот фудбал.
Златан Ибрахимовиќ беше особено остар, инсистирајќи дека Хрватска има целосно право да се чувствува оштетено, тврдејќи дека одлуката не била доволно јасна за да го оправда поништувањето на голот во таков момент.
„Натпреварот може да биде неверојатно суров. Не ме интересира што зборуваат другите. Мислам дека Хрватска има целосно право да се чувствува ограбена. Ја гледав снимката и сè уште не видов доволно за да ме убеди дека Гвардиол бил во офсајд. Кога ќе поништитете гол во последните секунди од нокаут натпревар на Светско првенство, тоа мора да биде очигледно. За мене, не беше очигледно. Тој гол требаше да важи“, рече Златан Ибрахимовиќ.
💣🚨BREAKING: Zlatan Furious After VAR disallowed Croatia’s Goal.
🗣️Listen, I saw the replay and this one is ridiculous. Croatia equalises late, stadium goes crazy… then VAR steals it?
🗣️Look at the angle Croatia’s number 20 doesn’t touch the ball, doesn’t change its direction… pic.twitter.com/dqtHdXvJK2
— Michelle (@Chefdoo95) July 3, 2026
Потоа додаде со остар тон.
„Хрватска веруваше дека се спасила. Играчите славеа, навивачите експлодираа и за неколку секунди сè беше одземено. Ова се моментите што ги разделуваат тимовите. Наместо да зборуваме за неверојатно доцно израмнување, зборуваме за уште една контроверзност со ВАР. Португалија ќе слави затоа што поминаа понатаму и честитки до нив. Но, да бев Хрватска, ќе го напуштeв теренот со чувство дека фудбалот ми одзеде нешто вечерва.“
Познатиот Швеѓанец не ги поштеди ниту судиите.
„Судиите и ВАР прават сè што е можно за да се осигурат дека Роналдо ќе го освои Светското првенство, а потоа ќе зборуваат за тоа како ФИФА е на страната на Меси. Ако поништувате гол во таков историски момент во судиското продолжение, доказите мора да бидат 100 проценти јасни за сите. Ги гледав снимките од секој агол и не гледам ништо. ВАР избриша еден од најдобрите моменти од првенството“, рече Ибрахимовиќ.


