Епилогот од големиот пожар што навивачите на Партизан го предизвикаа на гостувањето против Црвена Ѕвезда во најголемото српско дерби е целосно уништена јужна трибина, стотици столчиња што повеќе ги нема и голема материјална штета.
Вчера, играчите на Црвена Ѕвезда го победија Партизан со убедливи 3:0, со што го отворија патот кон нова титула во српското првенство, а дербито беше тензично и хаотично од самиот почеток, со бројни непријатни сцени.
Најдраматичното се случи во второто полувреме кога навивачите на Партизан запалија дел од јужната трибина. Стотици столчиња беа зафатени од пламен, натпреварот беше прекинат, а пожарникарите интервенираа и ја спасија ситуацијата од ескалација, па дури и од предизвикување жртви.
Како што објави утрово српскиот портал „Телеграф“, штетата е проценета на 200.000 евра. Јужната трибина се чини дека е целосно уништена, голем дел од столчињата се скршени и запалени, но и семафорот е оштетен. Исто така, уништени се тоалетите и портите на влезовите на стадионот.
Беа објавени и фотографии кои покажуваат како изгледа јужната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ денот по едно од најхаотичните белградски дербија во последните години.
View this post on Instagram
Црвена Звезда има потреба од стадион и оваа трибина веќе за четврток кога се игра реванш натпреварот од плејофот на Европската лига против Лил. Се верува дека штетата ќе биде санирана дотогаш.


