Јамал: Не се плашиме од никого, целта е светската титула

Младата суперѕвезда на шпанската репрезентација, Ламин Јамал не ја криеше својата огромна среќа по пласманот на „ла роха“ за шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година

Прегледи:

Датум:

Младата суперѕвезда на шпанската репрезентација, Ламин Јамал не ја криеше својата огромна среќа по пласманот на „ла роха“ за шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година.

Шпанците победија со 3:0 над жилавата репрезентација на Австрија, што им обезбеди визи за следната фаза во Далас. Иако крилниот напаѓач не успеа да постигне гол на овој натпревар, тој демонстрираше исклучително зрело однесување и најави дека вистинскиот турнир дури сега започнува, кога секоја грешка значи елиминација.

Осумнаесет годишниот играч на Барселона сподели дека веќе се чувствува целосно закрепнат и подготвен за големите битки во елиминациите.

„Многу сум среќен, излеговме со идеја дека сакаме да одиме во Далас и да играме во осминафиналето. Почнувам повторно да се чувствувам како себеси. Сега сум 100% подготвен и сум подготвен за она што претстои. Да, денес го промашив голот, но се додека тимот победува, тоа е најважно. На Светското првенство, ако изгубиш, си одиш дома. Сега треба да се одмориме и целосно да размислуваме за нашиот следен противник“, рече Јамал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нагелсман одлучил да се повлече од функцијата селектор на Германија

Јулијан Нагелсман одлучил да поднесе оставка од функцијата главен...

Ендрик за Анчелоти: Имаме еден од најдобрите тренери во светот, како Бог да го гледа

Ендрик мораше да биде трпелив за време на своето...

Рафиња го пропушта осминафиналето, сè уште не тренира со тимот

Бразилскиот офанивен фудбалер, Рафиња сè уште не тренирал со...

Скалони предупреди да не се потценува Капе Верде

Тренерот на Аргентина, Лионел Скалони, го предупреди својот тим...