Големата победа на Реал Мадрид над Барселона (2:1) во 10-то коло од Ла Лига ја преполови предноста на Каталонците на три бода.
Покрај двократниот стрелец за „кралскиот клуб“, Килијан Мбапе, апсолутен херој за тимот од Мадрид беше Марк Кукуреља.
Поранешниот играч на Барселона, кој ја започна својата кариера во познатата „Ла Масија“, целосно го стави во џеб еден од кандидатите за освојувач на „Златната топка“.
Фокусот на натпреварот беше на директниот дуел помеѓу Кукуреља и Ламине Јамал од Барса. Во пресрет на сезоната, Јамал со сигурност рече: „Му кажав на Кукуреља дека ќе биде на клупата до второто „Ел Класико“ затоа што ќе го изедам жив во првото“. Сепак, реалноста на теренот беше сосема поинаква.
https://t.co/yi4Z8V7Nbh
— Gurbanguly (@idoguly) October 25, 2026
Кукуреља одигра беспрекорен натпревар во одбраната, со солидно маркирање и навремено удвојување од Чуамени и Диоманде, целосно лишувајќи го Јамал од простор за игра и брзина. Младиот ас на Барселона остана без гол или асистенција, со само два непрецизни обиди, додека дефанзивецот на Реал ги издржа свирежите на целиот стадион.
Шпанска „Марка“ го прогласи настапот на Кукуреља за негова најдобра вечер во белиот дрес, а социјалните мрежи беа преплавени со шеги од навивачите на Реал со монтажи од Јамал во џебот на Кукуреља.
Наместо ветената доминација, чудото од дете на Барса доживеа болно приземјување.


