Андреа Кими Антонели ги победи возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Исак Хаџар, за да ја обезбеди пол-позицијата за Големата награда на Соединетите Американски Држави, по која би можел да ја освои и светската титула во Формула 1.
Сепак, самиот Италијанец изјави по квалификациите на „Патеката на Америка“ дека трката нема да му биде лесна со присуството на двата болида на „биковите“ зад него. Сепак, се надева дека ќе влезе во првата кривина како лидер, а потоа ќе го наметне своето темпо на чело на колоната.
RIDE EM, COWBOY!! 😤 AUSTIN GP POLE FOR KIMI 🇺🇸 https://t.co/WwzacbfoiT
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) October 24, 2026
„Ја освоивме пол-позицијата, па утре ќе се обидеме да ја освоиме победата. Макс беше многу брз, а Исак заврши неверојатна работа, па нема да ни биде лесно.
Ќе се обидеме да направиме добар старт и се надеваме дека ќе влеземе во првата кривина како лидери. Потоа ќе се обидеме да го наметнеме нашето темпо, иако битката ќе биде многу остра.
Многу сум задоволен од квалификациите. Третата фаза беше исклучително тешка поради ветерот, кој беше во силни налети и постојано менуваше насока и сила. Но, среќен сум што и покрај овие услови успеав да ја освојам пол-позицијата“, коментираше Антонели.


