Претседателот на Грчката кошаркарска федерација поднесе оставка

Претседателот на Грчката кошаркарска федерација, Вангелис Лиолиос, поднесе оставка од својата функција. Тој е осомничен за местење натпревари во домашното првенство

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Грчката кошаркарска федерација, Вангелис Лиолиос, поднесе оставка од својата функција. Тој е осомничен за местење натпревари во домашното првенство.

Лиолиос го информираше истражниот судија дека ги суспендира сите кошаркарски активности до завршување на судската постапка.

„По неодамнешните настани и јавната изјава на претседателот на Федерацијата за неговата оставка и конечната одлука повеќе да не учествува во кошарката, Управниот одбор на Грчката кошаркарска федерација објавува одржување вонреден состанок. Управниот одбор ќе се состане денес попладне за да ги донесе сите потребни и предвидени одлуки за целите на реорганизацијата – во согласност со Законот за спорт и Статутот“, се вели во соопштението на Грчката кошаркарска федерација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Хорор филм во „Театар на соништата“, на Карик му нема спас

Фудбалерите на Борнмут убедливо го надиграа и го победија...

Интер ја победи Фиорентина и се врати на првото место во Серија А

Фиорентина беше на прагот на голема победа на „Меаца“,...

Медведев ја освои 25-тата титула во кариерата

Русинот Данил Медведев го победи Грузиецот Николај Басилашвили во...