🎬Нотингем Форест го објави трансферот на Диоманде

Нотингем Форест официјално го објави трансферот на централниот дефанзивец Усман Диоманде, за кого ќе му платат на Спортинг Лисабон 40 милиони евра. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска потпиша договор од 4+1 година

Прегледи:

Датум:

Нотингем Форест официјално го објави трансферот на централниот дефанзивец Усман Диоманде, за кого ќе му платат на Спортинг Лисабон 40 милиони евра. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска потпиша договор од 4+1 година.

„Многу сум среќен што сум тука. Ова е историски клуб и ме мотивира. Верувам дека можеме да постигнеме многу добри работи оваа сезона и со нетрпение очекувам да се сретнам со играчите и главниот тренер. Ќе дадам се од себе и сè што можам за да му помогнам на тимот. Едвај чекам да се сретнам со навивачите на „Сити граунд“. Заедно можеме да имаме добра сезона“, изјави Диоманде за веб-страницата на Форест.

Усман Диоманде имаше три успешни сезони во Спортинг Лисабон, со над 130 настапи за „Лавовите“ во сите натпреварувања. Неговата кариера започна во Митјиланд. Тој има 16 настапи за својата земја, вклучувајќи го и настапот на Светското првенство во 2026 година.

Тој ќе го носи дресот со број 2 на „Сити граунд“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...