Наполи ја прифати втората понуда на Фенербахче за Лукаку

Ромелу Лукаку е се поблиску до трансфер во Фенербахче откако Наполи ја прифати втората понуда на турскиот гигант за напаѓачот

Прегледи:

Датум:

Ромелу Лукаку е се поблиску до трансфер во Фенербахче откако Наполи ја прифати втората понуда на турскиот гигант за напаѓачот. Понудата е вредна шест милиони евра плус бонуси, а Белгиецот ги договорил и личните услови со „фенерите“.

Според Фабрицио Романо, сите документи ќе бидат потпишани денес, по што трансферот ќе биде официјално објавен. Џанлука Ди Марцио додава дека Лукаку веќе ги поминал лекарските прегледи. По две сезони во Наполи и вкупно четири поминати во Серија „А“, 33-годишниот голгетер ќе игра во турската Суперлига од следната сезона.

Наполи во секој момент ќе му достави понуда на Арсенал за Габриел Жесус, кој ќе биде доведен како замена за Белгиецот. „Небесносините“ веќе добиле принципиелна согласност на Бразилецот. Тимот од Лондон сака околу 20 милиони евра за него, а покрај тоа, Наполи мора да го убеди играчот да ја намали платата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...