📽️Галата ја потврди големата зделка: Леао официјално пристигна во Истанбул!

Вредноста на трансферот е 38 милиони евра, а италијанскиот гигант ќе добие и 20 проценти од следниот трансфер

Прегледи:

Датум:

Турскиот фудбалски шампион Галатасарај објави дека го ангажирал португалскиот репрезентативен напаѓач Рафаел Леао (27), поранешен член на Милан.

Вредноста на трансферот е 38 милиони евра, а италијанскиот гигант ќе добие и 20 проценти од следната трансфер сума.

Во текот на седумте сезони што ги помина во Милан, Леао одигра 291 натпревар и постигна 80 голови за „црно-црвените“, а неговите најдобри игри беа во сезоната 2021/22 кога беше прогласен за најдобар играч во Серија А и го предводеше Милан до шампионската титула со 15 голови.

Во нападот на Галатасарај, Леао ќе им се придружи на Нигериецот Виктор Осимен и Германецот Лерој Сане.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Габриел Жесус пред трансфер во Барселона

Новиот напаѓач на Барселона очигледно ќе биде Габриел Жесус,...

🎬Маркез најбрз на Арагон, се приближи на само 19 поени до Мартин

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на Големата...

Алварез се врати на тренинзите на Атлетико, неговата иднина во клубот е сè уште неизвесна

Хулијан Алварез се врати на тренинзите на Атлетико Мадрид,...

Македонија убедливо ја победи Австрија, Димитријевиќ запиша „трипл-дабл“

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја започна втората рунда од...