Алонсо: Немаше многу подобри опции од Морган Роџерс, ќе го користам со Палмер

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, верува дека новото засилување Морган Роџерс ќе има непосредно влијание врз играта на тимот и планира да го користи заедно со ѕвездата Кол Палмер

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, верува дека новото засилување Морган Роџерс ќе има непосредно влијание врз играта на тимот и планира да го користи заедно со ѕвездата Кол Палмер. Роџерс (24) стана најскапиот британски играч во историјата кога минатата недела беше комплетиран неговиот трансфер од Астон Вила во Челси. Тој сега ужива во паузата откако ѝ помогна на Англија да го освои бронзениот медал на Светското првенство, додека „сините“ ги започнуваат своите предсезонски подготовки на камп во Сиднеј, Австралија.

„Ни требаше важен играч на таа позиција и сигурен сум дека немаше многу подобри опции од Морган Роџерс. Ни требаат играчи кои можат да направат непосредно влијание и сигурен сум дека на Морган нема да му треба многу време да се прилагоди на клубот, системот и неговите соиграчи. Тоа беше идејата – да се добие врвен играч и токму тоа е тој“, рече Чаби Алонсо, цитиран од Би-Би-Си.

Шпанскиот стручњак инсистираше дека Роџерс ќе биде подготвен, иако сè уште не учествувал на тренинзите со „сините“, додавајќи дека верува дека може да игра во исто време со Кол Палмер, кој игра на идентична позиција. „Имам план. Имам идеја. Сигурен сум дека ќе се поврзат многу добро на теренот. Мора да имаме избор. Ако добиеме рамнотежа и овие посебни играчи се на вистинските позиции, ќе бидеме многу конкурентни со и без топка“, додаде Алонсо.

Челзси е исто така блиску до потпишување на 26-годишниот централен бек Максенс Лакроа од Кристал Палас, кој ќе стане најстарото засилување на клубот од 2022 година. Порано ова лето, тимот од Лондон ги обезбеди потписите на напаѓачите Џовани Кенда од Спортинг, Емануел Емега од Стразбур и бекот Марко Палестра од Аталанта, додека играчот од средниот ред Валентин Барко се очекува наскоро да пристигне од Стразбур. Ова ќе ги однесе „сините“ на речиси 40 играчи, а Алонсо призна дека ќе треба да се разделат со некои од старите лица во тимот.

„Знаеме дека веројатно ќе има повеќе движења на пазарот. Мора да бидеме флексибилни и да дејствуваме брзо. Главната работа е што имаме јасна идеја, јасен план што го изградивме. Ова веројатно ќе се промени пред да се затвори преодниот рок“, рече Шпанецот. Утре, Челси ќе игра пријателски натпревар против австралискиот Вестерн Сиднеј Вондерерс, а во наредните денови се закажани натпревари против Тотенхем, италијанските Јувентус и Милан, како и малезискиот Јохор Дарул Такзим, како дел од летната азиска турнеја на тимот од Лондон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️Избран најубавиот гол на Светското првенство

Голот на репрезентативецот на Капе Верде, Сидни Лопез Кабрал...

Малдини и Леонардо ја напуштија Италијанската фудбалска федерација по само 10 дена

Голема пресвртница во италијанскиот фудбал - Паоло Малдини и...

📸Ѓоковиќ и Сабаленка ќе играат заедно на Отвореното првенство на САД

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ќе ги здружат силите...

Стоунс оди во Интер: Сè е договорено, договор до 2028 година

Англискиот репрезентативец Џон Стоунс е нов играч на Интер,...