Анкетата на „Марка“ ги изненади сите: Јамал убедливо пред Мбапе во трката за „Златната топка“

На нешто помалку од еден месец до официјалната церемонија за доделување на Златната топка, кога ќе се знае кој ќе го наследи Усман Дембеле, Килијан Мбапе доживеа непријатен удар во анкетата спроведена од „Марка“, еден вид клупски весник на Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

На нешто помалку од еден месец до официјалната церемонија за доделување на Златната топка, кога ќе се знае кој ќе го наследи Усман Дембеле, Килијан Мбапе доживеа непријатен удар во анкетата спроведена од „Марка“, еден вид јавно гласило на Реал Мадрид.

Имено, читателите на „Марка“ го избраа Ламин Јамал како играч кој најмногу ја заслужува оваа награда, додека Мбапе заврши на второто место.

Според најновите податоци, повеќе од 200 илјади луѓе гласале во анкетата, а Јамал остварил јасна предност, освојувајќи 29% од гласовите.

Јутјуб/Принтскрин/Diario AS

Мбапе го освои второто место со 19 проценти од гласовите.

Патем, победата на Јамал во анкетата на „Марка“ доаѓа во време кога соперништвото меѓу дуото се загрева, откако двајцата разменија мислења за нивните шанси да ја освојат „Златната топка“ во последните недели.

Потсетуваме дека церемонијата на доделување на наградите „Златна топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тухел: Нема да примам повици од менаџери од Премиер лигата

Репрезентацијата на Англија игра четири натпревари за време на...

Ѕвездата на Евролигата штотуку пристигна во НБА, но можеби нема да остане со својот нов тим

Раководството на Далас Маверикс се соочува со сериозна дилема...

Ѓоковиќ уверен во физичката подготвеност пред Отвореното првенство во Пекинг

Новак Ѓоковиќ се подготвува за својот прв натпревар по...