Арсенал нуди 90 милиони евра за Бразилец, се чека одговор од Њукасл

Актуелниот англиски шампион Арсенал направи конкретен и исклучително финансиски тежок чекор испраќајќи официјална понуда од 90 милиони евра за клучниот играч за врска на Њукасл, Бруно Гимараеш

Прегледи:

Датум:

Актуелниот англиски шампион Арсенал направи конкретен и исклучително финансиски тежок чекор испраќајќи официјална понуда од 90 милиони евра за клучниот играч за врска на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Со оглед на тоа што 28-годишниот Бразилец наводно веќе ги договорил личните услови и долгорочниот договор до 2031 година, неговата желба да се пресели на Емирати е јасна.

Управата на „топџиите“ е многу оптимист дека ќе можат да го скршат отпорот на Њукасл и официјално да го склучат овој спектакуларен договор во наредните денови.

Со доаѓањето на Гимараеш, Арсенал би добил врвна и докажана сила во средниот ред, што дополнително би ги зајакнало нивните шампионски амбиции.

За потсетување, Гимараеш пристигна во Њукасл Јунајтед на 30 јануари 2022 година во зимскиот преоден рок од француски Лион.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Анчелоти го повика Рафиња, Барселона во шок

Барселона е многу незадоволна од одлуката на тренерот на...

Флик: Изгубивме два натпревари, но продолжуваме на ист начин

По брилијантниот почеток на сезоната, тимот на Барселона забележа...

Величествениот „Хасан II“ се гради со полна брзина, расте притисокот да биде место каде ќе се оддржи следното финале на СП

Фузи Лекџа, претседател на Мароканската фудбалска федерација, изјави дека...