Трент Александар-Арнолд (28) би можел да се врати во Премиер лигата по само година и пол во Реал Мадрид. Англискиот репрезентативец не успеа да се етаблира како редовен играч во првиот тим на шпанските гиганти, а неговата ситуација сега внимателно ја следи Челси, објавува Би-Би-Си.
Според „Фудбал Инсајдер“, лондонскиот клуб размислува да ја доведе поранешната ѕвезда на Ливерпул доколку стане достапен на пазарот. Во моментов нема потврда за официјални преговори или понуда, но интересот на Челси се повеќе се споменува во англиските медиуми во последните денови.
Александар-Арнолд пристигна во Реал во летото 2025 година откако ја помина целата своја професионална кариера во Ливерпул. Сепак, доаѓањето на Жозе Мурињо дополнително ја искомплицира неговата ситуација.
Португалскиот тренер често им дава предност на Федерико Валверде и Дензел Дамфрис на позицијата десен бек. Англичанецот има само шест настапи во шпанското првенство оваа сезона, од кои три во стартната постава.
Поранешниот главен скаут на Манчестер Јунајтед, Мик Браун, исто така, зборуваше за потенцијалниот трансфер.
„Едно од имињата што ги слушнав во врска со Челси е Трент Александар-Арнолд. Тоа ме изненади малку“, изјави Браун за „Фудбал Инсајдер“.
Браун верува дека лондонскиот тим внимателно ја следи ситуацијата бидејќи би можеле да добијат шанса да доведат големо име ако се зголеми неизвесноста околу иднината на Александар-Арнолд во Мадрид.
Се споменува и можно враќање во Ливерпул, но тој договор би бил особено чувствителен со оглед на околностите околу неговото заминување од „Енфилд“. Според „Фудбал Инсајдер“, Ливерпул во моментов не е заинтересиран за негово враќање.
Сепак, постои голема пречка за потенцијален трансфер во Челси. Шпанскиот фудбалски новинар Гилем Балаге тврди дека Александар-Арнолд во моментов се обидува да си избори место во тимот на Мурињо.
Затоа, неговото заминување во јануари е малку веројатно, но ситуацијата би можела да се промени до летото ако неговиот статус не се подобри.
Челси во моментов чека развој на настаните, а Александар-Арнолд се соочува со важна одлука: Да продолжи да се бори за место во Реал Мадрид или да размисли за враќање во англискиот фудбал.


